На денешниот дуел против Монпелје тренерот Веселин Вујовиќ ќе може да смета на комплетниот состав, а првпат на теренот ќе се најде и Анте Кудуз кој ги прескокна првите три дуели од Лигата на шампионите поради повреда.
Вујовиќ првпат смета на комплетниот тим и во составот се речиси сите интернационалци кои се на располагање во оваа сезона. Во тимот се пет ракометари од Македонија: Стоилов, Ристовски, Томовски, Георгиевски и Талески, па се очекува најдоброто на теренот и нови бодови.
Монпелје како што беше најавено на оваа средба ќе смета и на Валентин Порт, кој се врати на терените.
Натпреварот се игра денеска од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.