После првите 30 минути Вардар има минимални 13:12 против Порто во натпревар во кој имаше што да се види на теренот. Неколку атрактивни интервенции на репрезентативците на Македонија и три погодоци на Ристовски, кој е најефикасен во овој период од средбата.
Вардар имаше подобар почеток на средбата, кога успеа да дојде до предност од два гола. Добрата игра во одбрана резултираше со предност од 4:2, а потоа Чупиќ не успеа да го погоди празниот гол.
Тука дојде до комплетно менување на работите. За осум минути Порто успеа да ги затвори приодите на голот на Митревски, а воедно и репрезентативецот на Македонија одбрани одлично, па со 6:0 Порто во 15. минута дојде до водство од 8:4.
После неколкуте добри минути за Порто конечно следуваше добра игра и од Вардар. Ристовски запре неколку топки, па и самиот постигна гол. Воедно и одбраната одигра многу подобро и тоа донесе до намалување на негативата на само еден гол, 8:9 во 20. минута.
Откако Порто отиде на плус три и поведе со 11:8, одново одбраната на Вардар ја врати неизвесноста. Три напади беа запрени, а голот на гостите беше празен, па беа обезбедени 11:11.





Вардар – Порто
Веднаш после ова не беа искористени шанси за водство, а Ристовски со својот трет погодок одново израмни, па пред заминувањето на одмор со контрата на Дибиров се дојде до 13:12 за позитивен резултат на одморот.
После првиот дел најефикасни во Вардар се Борко Ристовски и Марко Вујин со по три гола, додека по два имаат Чупиќ, Дибиров и Јотиќ, а еден постигна Талески. Во Порто три гола имаше Магаљаеш.