Дмитри Киселев, некогашниот ракометар на Вардар за руската „Мета“ откри како бил реализиран трансферот во македонскиот шампион пред три години.
Тој вели дека најзаслужен за преминот во „црвено-црните“ редови бил тогашниот спортски директор, Едуард Кокшаров.
„Не размислував многу за понудата затоа што Вардар тогаш беше европски шампион и играше на Ф4. Штом дојде понудата, веднаш ја прифатив. Не разгледував други варијанти. Едуард Кокшаров тогаш беше спортски директор на Вардар и беше тренер во руската репрезентација. Разговарав со него за некои детали и веднаш се договоривме. Поточно, разговаравме за целиот договор и условите со Кокшаров. Тој ми понуди и ми ги среди сите детали, јас потпишав. Немаше трета страна“, изјави Киселев.
По заминувањето од Вардар тој се врати во татковината и потпиша за ЧЕховски Медведи, а од летово десниот бек е член на ЦСКА Москва.