Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија во Женската лига и го остварија четвртиот триумф во четири натпревари.
Избраничките на Драгана Ристова беа подобри од тимот на Пелистер и славеа убедливо со 39-17. На полувремето беше 15-8.
Краткиот ростер на гостинките беше причина за огромниот пад во вториот дел, во која вардарки предноста од првото полувреме ја зголемија за три пати.
Најдобри стрелци во „црвено-црниот“ тим беа Џатевска со шест голови, како и Диневска и Трпевска со по пет погодоци. Кај битолчанки се истакнаа Кајческа и Милосављевиќ со по шест голови.