Ракометарите на Вардар на загревањето пред дерби натпреварот со Еурофарм Пелистер се појавија во специјални маички.
„Црвено-црните“ ракометари на тој начин им го честитаа јубилејот на нивните најверни поддржувачи на сите натпревари.
Навивачката група „Комити“ слави 35 години од формирањето, а сигурно најубав подарок за оваа годишнина би бил триумф над битолскиот клуб.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.