Ракометарите на Вардар пристигнаа во Струга во комплетен состав, заедно со засилувањто Андреј Добрковиќ, кадетскиот репрезентативец на Црна Гора, по одбрана на трофејот и рекордна 14. титула. За „црвено-црните“ турнирот во Струга ќе биде единствена контрола пред играњето на четвртфиналниот меч од СЕХА лигата против Нексе во Скопје. Скопјани ќе играат во група заедно со тимовите на Бутел, Алкалоид и Целје. Во другата група се екипите на Еурофарм Пелистер, АЕК Атина и Татран Прешов. Натпреварите се играат во период од 16 до 20 август на отвореното игралиште во Струга.