Ракометарите на Вардар денеска ја одработеа задачата од 19. коло и без проблеми го совладаа составот на Прилеп со 34:20.
На натпреварот кој се играше во Прилеп сè беше познато уште после десетина минути игра. Вардар водеше уште од почеток и имаше 2:0, а домашните само намалија на гол разлика. Од тој момент почна зголемувањето на предноста и постојано водството растеше.
До крајот на првото полувреме предноста отиде на двоцифрен број и без никаков проблем беше обезбедено водство од дури 12 гола. На одмор тимот на Вардар замина со 22:10. Тука веќе беше потврден триумфот, а кој ќе ппобеди беше јасно и претходно.
Во второто полувреме вардарци само ја зачуваа предноста. Играа мирно и сигурно така што немаше потреба да се форсира премногу и можеше само да се зачува ритамот во кој беше добиен и претходниот дел од средбата.
Прилеп успеа да ја стабилизира негативата и во вториот дел да остане на 10 до 12 гола така што одработе порамноправно второ полувреме. Сепак, победникот беше познат многу порано така што на овој дуел беше непозната само разликата со која ќе биде добие натпреварот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА