Ракометарите на Вардар денеска од 17:00 часот ќе го одиграат натпреварот против Нексе Нашице во регионалната СЕХА лига, но тоа нема да биде единствена обврска во ова натпреварување за македонскиот тим.
Само ден по враќањето од Нашице, вардарци ќе се соочат со украинскиот првак Мотор Запорожје, од кој загубија убедливо со 30-23. Мечот со Мотор ќе се игра в петок во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.
Веќе в недела „црвено-црниот“ тим го очекува и домашната обврска против тимот на Охрид, а наптреварот ќе се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:00 часот.
Стратегот Стевче Алушовски на гостувањето во Нашице нема да може да смета на Стојанче Стоилов, Патрик Валчак, Ловро Јотиќ и Димитар Димитриоски, а многу веројатно и следните две средби против Мотор и Охрид, овие четворица нема да бидат во ростерот.