Ракометарите на Вардар се вратија од врзаното гостување во Украина и Словачка, па сега мирно во следните десетина дена ќе се подготвуваат за новиот предизвик.
А тоа е дуел од Лигата на шампионите против бундеслигашот Кил, кој исто така нема пораз во елитното натпреварување, но за разлика од вардарци, има едно реми.
Триото голмани на Вардар – Марко Кизиќ, Калифа Гедбан и Артурс Кугис, заедно со тренерот Дејан Периќ, веќе се подготвуваат за ударите на Билик, Нилсон, Винчек, Пекелер, Рајнкинд, Дувњак…Како изгледа тоа погледнете во видео прилогот…
Натпреварот меѓу Вардар и Кил се игра на 12 октомври со почеток од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.