Ракометарите на Вардар во рамки од 10. коло од Суперлигата без проблеми остварија рутинска победа против екипата на Прилеп, со резултат 41:27.
Прилепчани во дуелот со ,,црвено црните” беа рамноправни во воведните десет минути кога резултатот беше 7:6 за домаќинот, а во останатиот дел се мина во знакот на избраниците на Владо Недановски.
Вардарци на пауза заминаа со ,,плус шест” 19:13, додека во вториот дел, кој беше само формалност, одработија рутински и не му дозволија на гостинот ни најмал простор за напредок.
Најефикасен во победничката екипа беше Јан Чувара со девет погодоци, додека во поразениот табор се истакнаа Христи Бикоски со шест и интернационалците од Грузија, Уча Гамзардија и Мириани Гавашелишвил, кои имаа по пет реализации.