Европскиот шампион Вардар денеска со чартер лет на пладне ќе замине за Брест каде утре ќе му гостува на белорускиот првак, Мешков Брест во рамките на првото коло од Лигата на шампионите.
Во текот на вчерашниот ден, сите што ќе патуваат за Брест направија задолжителн тест на Ковид-19 и сите резултати се негативни.
Тоа значи дека стратегот Стевче Алушовски ќе смета на сите ракометари, вклучително и Дисингер кој имаше проблем со задната ложа.
Мечот со Мешков Брест се игра утре со почеток во 18:45 часот во спортската сала „Викторија“, каде што ќе има одреден број гледачи.