Ракометарите на Вардар првпат сезонава загубија во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите, од Монпелје со 25:31 во 4. коло од Лигата на шампионите, и останаа на освоените пет бодови од претходните три кола. Салата во СЦ „Јане Сандански“ вриеше како во вулкан, атмосфера каква што одамна немало и на која секогаш сме навикнати во Скопје.
На овој дуел не ги оправдаа очекувањата со оглед на тоа што после сите добри резултати го имаa најлошиот натпревар од почеток на сезоната. Тешко минуваше договорот во напад, одбраната немаше решение против некои играчи на Монпелје, но и покрај се вардарци до последен момент играа и даваа се од себе да го „свртат резултатот“.
Навивачите беа тука после секоја победа, секој освоен бод. Заедно се радуваа со ракометарите. А играчите свесни за својата слаба игра клекнаа пред навивачите и побараа прошка бидејќи не ги задоволија вкусовите на своите фанови. Ветуваат дека следните мечеви ќе биде подобро и ќе можат заедно и да пејат и прославуваат. Вечерва победи тим кој навистина беше подобар.
А навивачите им порачаа „Никогаш нема да ве оставиме…
Трибините со убава атмосфера, постојано пеење, бодрење и убав декор. Можеше конечно да се видат голем број на навивачи кои дадоа поддршка, а сигурно ќе биде и уште поубаво на следните дуели поради зголемувањето на дозволениот број на присутни гледачи на спортските терени.





Вардар е симпатичен и кога губи.
Следната среда Вардар игра против Алборг на гости, а на 27 октомври го пречекува тимот на Кил во Скопје.