Вардарци добиле гаранции дека Самсоненко ќе ги исплати најдоцна до Нова Година!

Европскиот шампион Вардар од следната сезона ќе остане без десното крило Данил Шишкарев.

По шест години рускиот репрезентативец заминува од Скопје и ќе се пресели во унгарскиот Веспрем, иако вели дека не би одел од Вардар, ако имало гаранции за исплата на долговите.

Тој за „Брз Центар“ откри дека сите ракометари добиле документ заверен на нотар за исплата на долговите.

„Ни дадоа документ заверен на нотар, во кој е наведено дека сите долгови кон играчите ќе бидат исплатени заклучно со крајот на 2020 година. Тоа е крајниот рок, но може да се случи и порано“, вели Шишкарев.

Од 1 јуни, клубот го презема Михајло Михајловски, но играчите од ланскиот состав што ќе продолжат со Вардар, ќе мора да почекаат уште некое време за исплата на долговите на Самсоненко.