Ракометарите на Вардар по утринскиот тренинг, ќе заминат на патување до полскиот град Келце, каде што ќе го одиграат натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ во 17:10 патуваат од Скопје до Варшава со авион, а во полската метропола би требало да пристигнат во 19:20 часот.
По завршувањето на сите аеродромски формалности околу 20:00 часот со автобус ќе тргнат до Келце, а на крајната дестинација би требало да пристигнат еден час пред полноќ.
Утре на местото на одигрување на натпреварот со Келце, ќе биде одржан еден тренинг, а дуелот се игра в сабота од 18:00 часот.