Европската ракометна федерација и клубовите што играат во Лигата на шампионите ги одредија термините за четирите кола од групната фаза што се играат во 2022 година.
За македонскиот првак Вардар оваа година останува да одигра уште две средби со унгарскиот првак ПИК Сегед, а ќе има и две гостувања кај Кил и Загреб.
Во 2022 година „црвено-црните“ најпрво ќе му гостуваат на Монпелје, а потоа следува домашна средба со Загреб, гостинска со Мешков Брест и крај на групната фаза во Скопје доаѓа норвешкиот првак Елверум.
Вардар е многу блиску до место во осминафиналето, а дали ќе напредува некое место погоре на табелата останува да видиме.