Двократниот европски првак Вардар и поранешен македонски шампион одработува дел од подготовките во Маврово.
Тренерот Владо Недановски смета на сите засилувања во играчкиот кадар – Петриќ, Николиќ, Срдановиќ, Мело и Јашухира.
Последен во стројот се приклучи и кубанскиот репрезентативец Ансер Родригез, кој исто така веќе е во Маврово со екипата.
Вардарци ги очекува пријателски натпревар со Охрид, а потоа и настап на Струшкиот турнир пред квалификациските дуели со Рајн Некар Левен од Лигата на Европа.