Ракометарите на Вардар дојдоа до нова победа во плеј-офот од Супер машката лига откако денеска на гостувањето кај Бутел Скопје славеа со 34:26.
Од почетокот на средбата немаше дилема кој доаѓа до победа на овој дуел. Уште од стартот се виде дека вардарци се далеку поквалитетни и успеаја да влезат во средбата подобро. Тргнаа со предност од 2-3 гола, а домашните успеваа да следат. Дојдоа до резултат кој им даваше можност да се изборат за триумф, но ракометарите на Бутел Скопје се држеа 20 минути.
После 20 минута и резултат 6:8 следуваше зголемување на водството на гостите на четири разлика, а лесно беа обезбедени и плус осум. На одмор Вардар водеше со 17:9 и овие осум гола само потврдија кој е фаворитот на овој дуел.
Второто полувреме практично беше формалност. Домашните веќе знаеја дека не можат да стигнат и се потрудија да ја одржат разликата. Успеаја да го одиграат нерешено во второто полувреме, па ова им беше позитивен момент.
Вторите 30 минути завршија со резултат 17:17 така што на крајот сè беше исто како на полувреме. Инаку, ова беше средба на која вардарци се загреаја за реваншот против Веспрем во Лигата на шампионите каде што е јасно дека се во тешка мисија и ќе се обидат да се изборат за позитивен резултат.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА