Во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар загубија од Мешков Брест со 32-36. Овој пораз ги остави на седмото место на табелата и им го донесе Веспрем за ривал во осминафиналето од најелитното натпреварување.
На стартот се играше гол за гол до 5-5, а потоа белорускиот првак ги казни сите вардарови грешки и Вајлупов, Паниќ и Скубе стигнаа до плус четири, 5-9. Во продолжение Вајлупов беше стрелец на голот за највисоки пет голови разлика, 7-12, но вардарци во следниот период заиграа подобро во нападот и намалија на 10-12.
Сепак повторно беа промашени два зицери, Дибиров промаши и пенал, па Мешков Брест се одлепи на 11-16 на пет минути до паузата. Беше и 12-17, а потоа уште неколку промашните напади и гостите од Белорусија стигнаа до највисоки плус осум, 12-20.





Вардар – Мешков Брест (Лига на шампиони)
По десетина минути вардарци се врати на минус пет, 20-25, но немаше енергија кај избраниците на Алушовски да направат нешто повеќе на овој дуел. Гостинските стратег ротираше со составот, а предноста на Мешков се движеше од шест до осум погодиции.
На десетина минути до крајот преку Дибиров, Вардар стигна до 26-30, но немаа домашните шанси за да го направат финишот неизвесен, па Мешков рутински го заврши мечот со конечна победа од три гола разлика, 32-36.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА