Репрезентацијата на Летонија направи историски успех со пласманот на Европското првенство. Летонците ќе го имаат својот прв настап, а слекторот Амандс Ушинс говореше за подготовките и очекувањата од премиерниот настап на првенствата.
„Горди сме што успеавме да стигнеме до Европското првенство, но предизвикот што претстои е да покажаме што знаеме. Работиме многу и сме возбудени. Даинис Кристопанс во моментов работи индивидуално, но ќе биде подготвен до почетокот на првенството. Ајде да видиме дали можеме некако да ги изненадиме нашите ривали“, истакна Ушинс.
Исто така и голманот на Вардар, Артурс Кугис имаше свој коментар пред почетокот на шампионатот.
„Чувството во тимот е секогаш посебно. Имаме една цел а тоа е добро да се покажеме бранејќи ги боите на Летонија. Не бев на голот ден месец заради повредата на глуждот, но работев со топка. Мислам дека ќе бидам подготвен за Европското првенство“, изјави Кугис.
Летонија во прелиминарната фаза игра ќе игра со екипите на Холандија, Германија и Шпанија.