Вардарки уште еднаш сигурни, и против Гевгелија со три бода

Ракометарките на Вардар забележаа уште една победа во првенството откако на домашен терен беа сигурни и го совладаа составот на Гевгелија со 34:26.

Од стартот домашните влегоа далеку порешително и направија предност. Водството постојано е зголемуваше, а таквата игра овозможуваше да се има контрола на резултатот. Во едно такво темпо во кое гостинките не можеа да се снајдат на полувреме Вардар имаше шест гола предност и водство од 18:12.

Вториот дел беше само со задача да се издржи и да се зачува водството. Целта беше да се остане во предност до крај и да нема проблеми за победата. Тоа и се направи така што Вардар славеше со 34:26.

Инаку, гостинките во свои редови ги имаа расположените Емилија Јовеска и Драгица Митрова. Двете завршија со по десет погодоци, а тоа беше премалку за да може тимот да се надева на успех на овој дуел.

Во Вардар прв стрелец со осум гола беше Ивона Трпевска, додека по пет имаа Бојана Диневска, Сара Миновска и Катерина Дамјановска.

Вардар во следното коло в петок му гостува на составот на Спартак, додека Гевгелија на домашен терен игра против екипата на Ѓорче Петров ЖРК.