Вардарки убедливи на гости кај Шампион

Ракометарките на Вардар забележаа нова победа во Супер женската лига и продолжуваат со максималниот биланс. Досега имаат шест средби и шест победи, а последната денеска ја обезбедија како гостинки против Шампион со 34:17.

Возбудувањата на овој дуел траеја 12 минути кога резултатот беше нерешен, 6:6. Тогаш тимот на Шампион се врати и израмни откако имаше два гола негатива. Меѓутоа после ова до крајот на првиот дел следуваше подобра игра на „црвено-црните“, а вардарки успеаја на одмор да заминат со седум гола позитива. Имаа резултат од 16:9.

Овие седум гола во продолжение беа само зголемени. Вардар имаше двоцифрена предност која лесно ја зголемуваше така што до крајот на средбата се стигна и до 17 погодоци.

Со овој резултат Вардар стигна без проблеми до нова победа и останува во врвот на табелата, но допрва доаѓаат дерби дуелите на кои ќе треба да се одработи далеку подобро и да се остане во најдобрите четири.

ШАМПИОН – ВАРДАР  17:34 (9:16)

Сала: „7 Март“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ШАМПИОН: Бадаровска, Стојановиќ, Димитриевска 3, Петровска 1, Митевска, Т. Богоевска 3, Петровска 2, Неделковска 2, А. Богоевска, Урбан, Јовановска 2, Бојковска 3, Петровска 1, Ристевска, Филипова.

Седмерци: 2/7, Исклучувања: 4 мин.

ВАРДАР: Грујовска, Илиќ, Попова 3, Стефанова 3, Џатевска 5, Лазаровска 1, Трпевска 3, Костовиќ 3, Диневска 5, Миновска 3, Јаковчевска 1, Галевска 2, Стојановска 2, Стаменкова, Васевска 1, Дамјановска 2

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 10 мин.