Како што дознава 24ракомет на последниот состанок на УО на РФМ каде се разговарало за системот на натпреварување, за распределбата на местата во европските купови се отворило прашањето и за женскиот ракомет. Меѓу другото било информирано за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа ЖРК Вардар. Тогаш неколку членови на УО се понудиле да помогнат, а првиот што понудил помош бил токму претставникот на Триглав.
По најавите дека машкиот клуб на Вардар ќе се врати кај стариот претседател Михајло Михајловски, остана „да виси“ женскиот клуб, поранешниот европски вицепрвак. Но, стигнаа радосни вести за екипата предводена од Драган Ристова, па и за помладта генерација на Анжела Платон. Спонзор кој во минатото го помагал клубот – Триглав Осигурување и во иднина ќе дели од буџетот за да им овозможи на вардарки нормално функционирање и продолжување на работата со генерацијата која се смета за многу перспективна и од каде се очекуваат многу репрезентативки на Македонија.
Како што дознава 24ракомет на последниот состанок на УО на РФМ каде се разговарало за системот на натпреварување, за распределбата на местата во европските купови се отворило прашањето и за женскиот ракомет. Меѓу другото било информирано за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа ЖРК Вардар. Тогаш неколку членови на УО се понудиле да помогнат, а првиот што понудил помош бил токму претставникот на Триглав.
Следниве денови од страна на вардарки треба да се направи план за работа, задржување на целиот тим и засилувања за во иднина. Во моментов има пет репрезентативки од Вардар во сениорскиот тим на Македонија. Тоа се голманката Грујоска, и играчите: Седлоска, Николиќ, Џатеска и Дамјановска. Во втората екипа, составена од кадетки предводени од Анжела Платон постои уште поквалитена генерација која „ги меле“ сите противници и токму тука се гледаат многу нови репрезентативки.
Покрај Триглав уште неколку други спонзори се заинтересирале за амбициозниот проект во кој има млади и перспективни ракометарки, па наскоро и тие ќе влезат во спонзорскиот пул. ЖРК Вардар од 2013 до 2018 беше шесткратен првак на Македонија и пет пати го освои Купот. Пет пати играше по ред на Ф4 турнирот во Будимпешта и во последниот настап го освои среброто, иако според многумина беше „украден“ во последните секунди со недосудување на чист пенал.
Сезонава младите вардарки одиграа 14 натпревари и остварија 11 победи. До прекинот на првенството беа на 3 место на табелата.