Со далеку поинаков пристап и тек на настаните ракометарките на Вардар се враќаат од гостувањето во Холандија со многу попозитивен резултат и нерешени 26:26.
На овој дуел вардарките можеа да одиграат без никаков притисок бидејќи имаа голема негатива од првата средба во Скопје која ја загубија со 25:35.
Вардар почна со 2:0 четири минути игра, но потоа прими дури седум за осум минути и средбата доби поинаков тек. Меѓутоа она што беше проблем во осумте минути игра без погодок беше поправено. Ракометарките на Вардар фатија приклучок и до крајот на првото полувреме дури и стигнаа на еден гол.
Постојаното намалување на резултатот овозможи на одмор да се замине со 11:12 и да се остане во трка за победа.
Во вториот дел во 36. минута резултатот беше израмнет на 14:14 и десетина минути се играше гол за гол при што домашните беа тие кои постојано беа во предност, а Вардар израмнуваше. Во 46. минута дојде до ново водство за Вардар од 20:19, но потоа девојките од Јуро Уринек одново поведоа. Имаа 26:22 во 54. минута и се чинеше дека ја имаат победата. Сепак, кога беше најпотребно Диневска успеа да влезе во серија на погодоци и да донесе израмнување од 26:26. И двете екипи имаа шанса за победа бидејќи имаа напад за водство, но не искористија и мораа да се задоволат со реми после кое, сепак, ракометарките од Холандија имаат повеќе причини за да се радуваат.
ЈУРО УНИРЕК – ВАРДАР 26:26 (12:11)
ЈУРО УНИРЕК: Зомердијк (14 одб., 1 сед.), Бакер (1 одб., 1 сед.), Крујер 2, Стеверинк 6, С. Копе, Д. Копе 1, Крамер 4, Стал 2, Јиминк, Ван дер крон, Бутер 3, Колкен 2, Клесер 1, Лувен, Ворст 2
Седмерци: 1/1, Исклучувања: 12 мин.
ВАРДАР: Трајкоска (10 одб.), Илиќ, Попова, Џатевска 3, Максимовска, Бор. Коцева, Коцева, Трпевска 5, Костовиќм 1, Диневска 6, Миновска 1, Ѓеорѓиевска, Галевска 1, Стојановска 4, Васевска, Бој. Коцева, Дамјаноска 3.
Седмерци: 5/7, Исклучувања: 2 мин.