Ракометарките на Вардар го освоија третото место на турнирот „Ѓорче Куп 2022“ откако со гол во последната минута го победија тимот на Борац Бања Лука, 26-25. Во меч полн со неизвесност каде прво Вардар имаше иницијатива и предност од неколку гола, а како одминуваше натпреварот така се менуваше и резултатот. Победникот се решаваше во последните моменти
Борац имаше предност од 24-22 во последните минути, а Вардар направи целосен пресврт и прво израмни на 25-25, а потоа и постигна гол за радост на клупата.
Магдалена Тошевска го постигна победничкиот гол за Вардар во последната минута, оставајќи им шанса и време на гостинките од БиХ да организираат напад. Но, тие не успеаја да ја пробијат одбраната на скопјанки, и беа принудија да направата грешка. Така вардарки можеа да почнат и да слават.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Ивона Трпевска со 11 гола, пред Магдалена Тошевска со 7 гола.
Ѓорче Куп 2022“
26.08 (петок)
Ѓорче Петров – Вардар 32-27
Бекамент – Борац 37-28
27.08 (сабота)
Овче Поле СУ – Борац 28-38
Бор – Вардар 27-32
Овче Поле СУ – Бекамент 23-41
Ѓорче Петров – Бор 35-30
28.08 (недела)
Меч за 5 место: Овче Поле СУ – Бор 28-33
Меч за 3 место: Вардар – Борац Бања Лука 26-25
20:00 часот, финале, Ѓорче Петров – Бекамент