Во рамките од плеј-офот во Женската лига ракометарките на ЖРК Вардар запишаа убедлива победа на гости кај ЖРК Пелистер во салата „Боро Чурлевски“ со 22:35.
На самиот старт беше најавено во каква насока ќе оди овој дуел и домаќините во ниту еден момент немаа шанса да се надеваат на некаков позитивен исход. Наптреварот беше отворен со серија од 3:0 на вардарки, а погодуваа Ивона Трпевска, Катерина Дамјановска и Коцева Борјана. Првиот гол домаќинот го постигна после шест минути игра против најрасположената денес во нивните редови Моника Босиловска.
Предноста на Вардар расеше од минута во минута, ниту еднаш пелистерки не беа блиску барем да изедначат. На пауза гостите заминаа со водство од 9:18.
Ништо не се промени и во вториот дел, па така прашањето беше само со колкава разлика вардарки ќе слават. Победата на крајот беше обезбедена со 13 голови разлика.
Најефикасна во победничкиот тим беше Катерина Дамјановска со осум гола, а ја следеа Диневска Бојана со шест и Борјана Коцева со пет. На спротивната страна се издвојуваше Моника Босилковска со седум постигнати гола.