Вардарки не дозволија изненадување против Стружанка

Ракометарките на Вардар забележаа победа на стартот на пролетниот дел од сезоната во Женската лига. Избраничките на Драгана Ристова славеа со 25-22 против незгодниот состав на Стружанка.

Домаќинките отворија со водство од 4-0, па 5-1 и се чинеше дека лесно ќе го добијат овој натпревар. Сепак стружанки беа секогаш резултатски блиску и предноста на Вардар се движеше меѓу два и четири гола. На пауза се замина со резултат 14-11.

Во второто полувреме иста слика на теренот, вардарки диктираа темпо и резултато, а Стружанка бркаше. Намалија избраничките на Владимир Пановски во последните минути на 23-21, но немаа сили за комплетен камбек и бодовите останаа во Скопје.

Најдобри стрелци кај Вардар беа Трпевска со девет гола, како и Костовиќ и Диневска кои дадоа по четири, додека кај Стружанка се истакна Делиоска со осум.