Ракометарките на Вардар забележаа убедлива победа над Стружанка со 35-17 во натпревар од 3 коло во плеј-офот.
Победникот беше решен уште по првиот дел кога избраничките на Александар Царчев направија голема залиха од десет гола, 19-9.
Вториот дел беше само формалност и шанса за оние со помала минутажа да добијат шанса за настап.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Магдалена Тошевски и Ивона Трпевска со по седум гола, додека шест постигна Сара Стефаноска.
Во составот на Стружанка се истакна Магдалена Делиоска со седум погодоци. Во следното коло Вардар игра на гости кај Овче Поле СУ, додекка Стружанка ќе го пречека Куманово.