Вардарки немаа милост за Чаир

Ракометарките на Вардар беа убедливи во натпреварот против Чаир со 39:20 во рамките од 18. коло од Женската лига. Иако се очекуваше поголем отпор од противничката екипа, сепак, избраничките на Драгана Ристова доминираа на теренот во СЦ „Јане Сандански“.

Екипата на Чаир се одржуваше во игра само во почетните минути. Вардарки од минута во минута го зголемуваа своето водство и веќе победникот беше решен уште во првиот дел кога домашната екипа имаше водство од 19:11 на полувреме.

Во второто полувреме, Вардар имаше фуриозна игра и со одличната гранитна одбрана не дозволи лесни голови од страна на противничката екипа. Чаир не можеше ништо повеќе на овој натпревар и реши да се помири со високиот пораз од Вардар.

Во убедливата победа, Вардар беше предводен од Ивона Трпевска, Бојана Димевска и Марија Галевска кои постигнаа по пет гола. Во составот на Чаир, Ана Марија Божиновска беше најефикасна со пет гола. Со победата над Чаир, ракометарките на Вардар остануваат во борба за првите две позиции на табелата.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080