Вардарки моќно влегоа во плеј-офот, најавија трка за титулата

Ракометарките на Вардар со победа од 38:13 против Пелистер го отворија пролетниот дел од сезоната и плеј-оф делот така што тргнаа на најдобар можен начин во битка за титулата.

Вардарки решија сè уште во првото полувреме кога наметнаа силно темпо и успеаја да стигнат до висока предност од дури 13 гола. Имаа целосна контрола на играта и во ниту еден момент немаше проблеми бидејќи Пелистер не успеваше да парира.

Предноста од првиот дел беше зголемена во вториот дел и на најдобар можен начин се одеше кон триумф. Вардар знаеше како да издржи до крајот од средбата и да не дозволи противникот да се врати во игра. Сите шанси за да се направи нешто повеќе од страна на гостинките беа загубени уште при отворањето на средбата.

Домашните со целосна контрола и на резултатот и на играта убедливо дојдоа до победата така што на крајот од натпреварот успеаја да се изборат до трите бода и тргнаа на најдобар можен начин во пролетниот дел. Победата беше очекувана така што на Вардар оди кон одлична пролет во која е меѓу кандидатите за трофејот.

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР     38:13 (20:7)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Михаела Капсарев од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

ВАРДАР: Трајковска, Николовска 3, Џатевска 3, Максимовска, Илиќ, Бор. Коцева 1, Трпевска 7, Костовиќ 4, Диневска 2, Миновска 7, Радевска 2, Ѓорѓиевска, Галевска 1, Стојановска 1, Бој. Коцева 2, Дамјановска 5

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 10 мин.

ПЕЛИСТЕР: Тодоровска, Богевска, Ѓоргиевска, Дамјановска, Наумовска 1, Јанкуловска 6, Николоска, Босиловска 1, Рујановска 2, Милосавевиќ, Гроздановска, Етемовска, Дишковска 3

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 6 мин.