Вардарки лесно до триумф против Ѓорче Петров за крај на сезоната

Ракометарките на Вардар немаа проблеми да стигнат до триумф на гостувањето против екипата на Ѓорче Петров од 21:46 и со тоа да ја затворат одличната сезона на втората позиција на табелата зад Куманово, но пред ривалот Металург.

Избраничките на Драгана Ристова имаа фантастичен почеток на мечот кога поведоа со огромни 11:1, а до крај на првото полувреме на противничките им дозволија да постигнат само шест гола.

После 30. минути игра беше 6:18 и веќе беше познат победникот. Вардар продолжи со уште поефикасна игра во второто полувреме, а разликата само се зголемуваше. Ѓорче Петров немаше никакви шанси на овој дуел и мораше да се помири со висок пораз.

Најефикасни во победничката екипа беа Стефанија Ѓеоргиевска со осум гола и Сара Стефановска со седум погодоци. Додека во составот на Ѓорче Петров најпрецизна беше Ева Божиновска со седум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080