Ракометарките на Вардар имаа ефикасно издание и остварија висока и убедлива победа на гостински терен против екипата на Спартак, а до нови бодови стигнаа триумфирајќи со 51:20.
Вардар целосно ја оправда фаворитската улога и во ниту еден момент од натпреварот немаше неизвесност. Уште од самиот старт се играше ефикасно, со серија од 7:0 вардарки го најавија високиот триумф. До полувреме веќе беше сè познато кога беше 23:10.
Во продлжението доминацијата на гостинскиот тим беше уште поизразена. Спартак немаше никакви шанси на овој натпревар и разликата постојано растеше. Стрелците на двете страни беа многу ефикасни, а на крај на мечот Вардар стигна до победа од 31 гол разлика.
Победничкиот тим го предводеа Бојана Коцева со девет гола и Сара Миновска со осум погодоци. Веднаш зад нив со по шест погодоци беа Дамјановска и Диневска. Во составот на Спартак најефикасни со по пет гола беа Христина Петковска и Ангела Гроздановска.
После петтиот одигран натпревар во сезоната Вардар го задржа максималниот ефект и првото место во групата Б од Супер женската лига. Во следното коло Вардар е слободен, а потоа игра со Стружанка, додека со истиот ривал Спартак игра веќе во следното, 6. коло.