Екипата на Вардар вчера го имаше првиот ден со активности во новата 2023 година.
Ракометарките на Вардар во салата при ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода ги започнаа зимските подготовки за пролетниот дел од натпреварувачката сезона 2022/23.
Ростерот на играчи со кој ќе располага тренерот Александар Царчев, засега останува непроменет, со исклучок на заминувањето од клубот на Ангела Гроздановска, која својата кариера ќе ја продолжи во Спартак.
Избраничките на Царчев регуларниот дел од сезоната го завршија на првото место во својата група и во плеј-оф фазата ќе пренесат 12 бода.
Вардарки минатата сезона ја завршија на 4. позиција, изборија настап на европска сцена, но раководството на ,,црвено црните” одлучи клубот да игра само во домашниот шампионат.