Македонскиот шампион Вардар загуби со убедливи 31-20 од Магдебург во финалето на „Хумел Купот“.
И покрај второто место, најкорисниот играч на турнирот односно МВП доаѓа од редовите на „црвено-црните“.
Станува збор за Жереми Тото, кој одигра одлично на двата натпревари против Холстебро и Магдебург.
Следен предизвик за Вардар ќе биде двомечот од четвртфиналето на СЕХА лига против хрватскиот Загреб.