Вардарецот се враќа во репрезентацијата: Гисласон со повик за Дисингер (ФОТО)

Левиот бек на Вардар, Кристијан Дисингер, по подолго време се враќа во националниот тим на Германија.

Селекторот Алфред Гисласон објави поширок список на 21 ракометар, на кои ќе смета за првите две средби од квалификациите за Европското првенство во 2022 во Унгарија и Словачка.

Дисингер, кој имаше големи проблеми во минатото со повреди, сезонава ја започна одлично во дресот на европскиот шампион Вардар и тоа веројатно беше причина што Гисласон го стави на списокот.

Германија во првиот меч ќе игра дома во Диселдорф против Босна и Херцеговина, а во вториот натпревар ќе гостува кај Естонија.