Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ, кој го носи дресот на македонскиот шампион Вардар викендов имаше голема причина за славење.
Десното крило по вторпат стана татко, откако неговата сопруга Милица донесе на свет девојче, кое го доби името Катја.
Ова за Дарко и Милица е втора ќерка. По традицијата на овдешните простори, на големата прослава, Србинот остана без својата маица.
Ѓукиќ минатото лето дојде во Вардар, а се очекува да остане во тимот и наредната сезона, иако македонскиот првак нема да игра во Лигата на шампионите.