Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер обезбеди прв, историски пласман на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, откако битолчани славеа над Мешков Брест со 27-26 по пеналите.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер по натпреварот истакна дека не е задоволен од играта во нападот, но смета дека неговата екипа ќе се подобри пред почетокот на сезоната.
,,Сакам да им честитам на моите ракометари за денешната победа. Бевме одлични во одбраната, но одигравме многу лошо во напад. На крај постигнавме еден гол повеќе од противникот и ја заслуживме оваа победа. Ние сме слична екипа како и Мешков Брест, тим, кој се уште сѐ воигрува и не може да биде идеално на почеток на сезона. Сепак, покажавме карактер на овој натпревар и ги израдувавме нашите навивачи“ изјави Валтер.
Завршницата во СЕХА лигата ќе се одигра во периодот од 2 до 4 септември во Задар. Доколку Еурофарм Пелистер го мине Веспрем, тогаш во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Загреб и Нексе.
Битола слави: Еурофарм Пелистер го среди Мешков и првпат ќе игра на Ф4 во СЕХА!