Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ќе се соочи со белорускиот првак Мешков Брест во битка за место на завршниот турнир во СЕХА лигата.
Тренерот на битолчани, Ларс Валтер очекува победа и пласман на Ф4 во хрватскиот град Задар.
„По подготвителниот период, подготвени сме за официјални натпревари. Работевме многу минатиот месец, игравме некои контроолни натпревари, а нашата цел беше мечот со Мешков Брест. Се работи за искусен тим, со многу одиграни натпревари како овој и ние ги почитуваме нив. Подготвени сме за овој предизвик и се надевам на победа и пласман на Ф4“, вели Валтер.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ од 20:15 часот.