Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер во новата сезона влегува со исти амбиции како и лани, да го симне Вардар од тронот.
Екипата одработува подготовки во Маврово под водство на новиот тренер Ларс Валтер, кој вели дека неговите ракометари ќе бидат подготвени за сите предизвици што претстојат.
„Прекрасно е тука во Маврово, но за жал немаме многу време да уживаме во погледот тука. Работиме многу напорно и задоволен сум со сите детали. Дури е и подобро од очекуваното. Имаме добра група, работиме напорно секој ден и задоволен сум од сработеното. Играме помалку и ракомет на два гола секојдневно и можам да видам како напредуваме секојдевно и тоа ме прави среќен. Без разлика што ни следува мора да бидеме спремни за предизвиците во август. Ќе бидеме спремни“, вели Валтер.
Битолчани до 2 август се на подготовки во Маврово, потоа се враќаат во Битола каде ќе тренираат до настапот на Струшкиот турнир и ќе одиграат пријателски дуел со Еурофарм Пелистер. До крајот на август ги чека натпревар од Суперкупот против Вардар и четвртфинален дуел со Мешков Брест во СЕХА лигата.
Радовиќ: Голема е честа да бидам капитен на Еурофарм Пелистер, се надевам ќе ја оправдам довербата