Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер утре гостува кај португалскиот Агуаш Санташ во натпревар од второто коло во Лигата на Европа.
Тренерот на битолчани, Ларс Валтер, очекува дека грешките од првиот натпревар ќе бидат поправени.
„Имаме добри шанси за победа на овој натпревар, но мора да признеме дека се соочуваме со проблеми со повредени играчи, како што се случаите со Суси и Сери. Исто така во ростерот имаме нов ракометар кој што треба да се воигра со екипата. По репрезентативната пауза нашиот ритам се поремети, последните три натпревари ќе ги одигравме како што треба. Работиме напорно да го вратиме ритамот од претходно и верувам дека тоа ќе се случи на овој дуел. Агуаш Санташ не е толку висок, колку што е брз тим. Има многу подвижен среден бек, на кого мораме посебно да внимаваме. Секој натпревар е многу важен во групата и ако минатата средба правевме грешки, не значи дека овој пат не знаеме и можеме да ги поправиме. Ќе дадеме сè од себе, бидејќи секоја гостинска победа е многу важна. Се надевам првата ќе биде утре“, изјави Валтер.
Мечот меѓу Агуаш Санташ и Еурофарм Пелистер ќе се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.