Ракометарот Валентин Куран потпиша договор со Мешков Брест до крајот на сезоната 2022/2023 со можност тој да се продолжи на уште една.
Куран дебитираше за тимот на Мешков на 18 години. За три години поминати во Мешков одигра 56 натпревари и постигна 123 гола. Летото 2019 година премина на позајмица во АСОБАЛ лигата во тимот на Кангас.
Актуелната сезона тој ја започна во Татран Прешов, но во текот на зимата имаше проблем со документите после што го напушти тимот. Неколку месеци тренираше самостојно со цел да ја одржи формата. Сега ќе има можност да му помогне на Мешков Брест до крајот на сезоната и во наредната.
„Многу ми е мило што се враќам во Брест после три години. Тука ги направив првите чекори во професионалниот ракомет. Сега очекувам да му помогнам на тимот до крајот на сезоната. Веќе сум подговен и одиме напред се надеваме на најдоброто. Со нетрпение го чекам моментот кога повторно ќе излезам пред навивачите на Брест“, изјави Куран.