Екипата на Аеродром се избори за бодови на дуелот против Младост Богданци, победувајќи со 34:28 во меч кој беше еден од двата најинтересни во колото во Групата 2 од Првата машка лига.
Аеродром ја наметна својата игра од стартот. Рано поведе со 3:0, па потоа и со 5:1 и овие четири гола на почетокот даваа сигурност. Сепак, гостите се вратија и намалија на еден гол, 6:5. Меѓутоа оттука работите почнаа да се менуваат, па Аеродром одново почна да ја зголемува предноста.
До крајот на првиот дел истата постојано растеше и стигна до највисоки шест гола при 14:8. Сепак, на одмор се замина со 18:14.
Во вториот дел домашните не му дозволија на противникот премногу да се доближи. Младост Богданци намалуваше до два гола разлика, но не успеа повеќе. Како средбата се приближуваше кон крај така се губеше ритамот и чекорот, па предноста на Аеродром беше на моменти и девет гола, 33:24.
На крајот 34:28 што беше секако и повеќе од доволно за три бода на ракометарите на Аеродром.
АЕРОДРОМ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ 34:28 (18:14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
АЕРОДРОМ: Трајчевски, Блажески, Ивановски 1, Стојчевски 4, Лефковски 10, Василевски, Митев 8, Стојановски, Маркудов 4, Спасовски 6, Блажевски, Симоновски, Стојчевски, Шулевски 1.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.
МЛАДОСТ БОГДАНЦИ: Паунков, Пешков, Кимов, Наумовски, Каркалашев 1, Михајловиќ, Шарланџиев, Павиќ 3, Демерџиев, Фиданов 2, Михајловиќ 2, Тачевски, Динов 5, Карамичев, Роглев 12, Стоилов 3.
Седмерци: 5/6, Исклучувања: 12 мин.