Ракометарите на Тиквеш остварија важна победа на стартот од разигрувањето за опстанок во Суперлигата, откако славеше над засилениот Јуниор Кисела Вода (дојдоа два средни бека Гичев и Мршуља) со 18-26.
Во првиот дел, двете екипи правеа технички грешки, но голманите беа на висина на задачата, па немаше многу погодоци. По 5-5, Тиквеш се одлепи на 5-8, а до крајот на полувремето гостите поведоа со 7-9.
Во второто полувреме голманот на кавадарчани, Стојаноски бранеше одлично, а неговите соиграчи немаа големи проблеми да реализираат во нападот и ги казнуваа сите грешки на домашните.
Поведе Тиквеш со плус шест на петнаесетина минути до крајот, 14-20, а до крјаот избраниците на Горан Андоновски ја одржаа и зголемија предноста за конечни 18-26 и за важни бодови од незгодното гостување.