Екипата на Штутгарт каде што настапува Жарко Пешевски имаше важен и тежок натпервар во 27. коло од Бундес лигата против директниот конкурент во борбата за опстанок Балинген. На овој дуел Штутгарт славеше гостинска победа со 25:28.
Жарко Пешевски натпреварот во победата на својот тим придонесе со два погодоци без промашување, додека најефикасен и најзаслужен за победата беше Кристјансен со десет гола.
Штутгарт добро го отвори дуелот и имаше почетно водство од 1:4 и 3:7. Следуваше серија на Балинген од шест гола и преземање на водството кое го сочуваа до полувремето и на одмор заминаа со предносто од 13:12.
Уште на стартото на вториот дел Штутгарт повторно усепа да ја врати предноста и во текот на целото второ полувреме да ја сочува за важен триумф. После 27 кола Штутгарт е на 15. место на табелата со 16 бодови и пет бода над зоната на испаѓање.