Ракометарите на Бутел го одиграа првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за пролетниот дел од сезоната.
Избраниците на Кристијан Грчевски го совладаа составот на Радовиш со убедливи 11 погодоци разлика, 32-21.
Деби за Бутел Скопје на овој натпревар имаа двајцата српски интернационалци, десниот бек Душан Трифковиќ и пикерот Владимир Јефтиќ.
Во рамките на подготовките за плеј-офот, Бутел ќе замине во Србија, каде ќе одигра две пријателски средби против Војводина и Партизан.
Плеј-офот и плеј-аутот во Суперлигата ќе стартуваат на почетокот на март.