Ракометарите на Бутел Скопје победнички ја започнаа новата сезона откако на домашен терен во првото коло од Супер лигата ја совладаа екипата на Прилеп со 28:27 многу потешко од очекувањата.
Прилеп даде силен отпор против фаворизираниот тим, почетокот беше максимално израмнет. На секој погодок и водство на гостите ракометарите на Бутел Скопје веднаш одговараа, после 2:4 домашните израмнија и долго се играше гол за гол.
Во 24. минута Бутел Скопје за првпат имаше два предност кога поведе со 12:10, но Прилеп имаше одлична завршница на првото полувреме и уште еднаш го презема водството и на одмор замина со 13:14.
Во второто полувреме екипите неколкупати го менуваа водството, Бутел Скопје имаше и највисоки три 22:19 кон средината на вториот дел но Прилеп успеа уште еднаш да се врати. Во завршните десетина минути гостите влегоа со позитива и беа на чекор до изненадување.
На нешто повеќе од две минути до крај Прилеп имаше 25:27, Бутел Скопје погоди од седмерец и до крај на натпреварот успеа да направи пресврт. Прилеп имаше напад за победа кој не го реализираше, а Денис Тот со истекот на времето погоди за победа на Бутел.
Најефикасен во составот на Бутел Скопје беше Мирко Мајиќ со осум погодоци, а Кристијан Давитковски и Денис Тот погодија по петпати. Во тимот на Прилеп по шест гола постигнаа Реваз Чантурија и Христијан Милошески.