Тимот на Бутел Скопје го оствари вториот триумф на подготовките во Србија пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
По Вождовац, избраниците на Кристијан Грчевски го совладаа и составот на Шамот Аранѓеловац со 31-28.
Утре ќе биде одигран третиот пријателски натпревар, а ривал ќе биде тимот на Црвена Ѕвезда.
Бутел ќе ги започне официјалните натпревари со дуелот од Купот кон крајот на февруари, а потоа ќе следуваат и двобоите од разигрувањето за титулата.