Ракометарите на Бутел Скопје се пласираа во финалето на меморијалниот турнир во Ѓаково, кој се одржува во чест на прерано починатиот Денис Тот.
Бутелци во полуфиналниот натпревар го совладаа составот на Ѓаково со 32-28, а на полувреме беше 17-17.
Противник на Бутел Скопје во финалето утре од 12:30 часот ќе биде тимот на Осијек од Хрватска, кој ја победи босанската Грачаница.
Денис Тот трагично го загуби животот минатата година. Освен за Бутел Скопје, хрватскиот десен бек настапуваше и за Охрид.