Бутел Скопје со три победи на три меча се враќа од подготовките во Србија, откако на последниот контролен натпревар славеше триумф над незгодниот тим на Црвена Ѕвезда со 25-27.
Бутелци имаа водство и на полувремето со 11-12. Најдобри стрелци беа десниот бек Душан Трифковиќ со пет погодоци, а по четири постигнаа Горан Печенковски, Бојан Спасовски и Јовица Младеновски.
Претходно Бутел ги совлада Вождовац и Шамот Аранѓеловац, а од вторник ракометарите под водство на Кристијан Грчевски ќе ги продолжат подготовките за плеј-офот во Суперлигата.