Третопласираниот тим во суперлигашкото друштво, Бутел Скопје, го донесе и третото засилување пред стартот на новата сезона.
Левиот бек Мартин Манасков е нов ракометар во составот на Кристијан Грчевски, откако потпиша договор на една сезона, со можност да биде продолжен за уште една.
Тој доаѓа од тимот на Охрид каде ги мина последните две сезони и беше меѓу најдобрите стрелци.
„Среќен сум што потпишав за Бутел Скопје, тоа е клуб со високи амбиции и лесно беше да одлучам. Со повеќето играчи имам играно и добро се познавам, се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на клубот и дека ќе имаме успешна сезона“, вели Манасков.
Претходно Бутел Скоопје ги продолжи договорите со Стефан Стојчевиќ, Владимир Јевтиќ и Томче Стојановски, како и со тренерот Кристијан Грчевски, а покрај Манасков, нови ракометари се средниот бек Стефан Крстевски и десниот бек Филип Николов.