Екипата на Бутел Скопје сосема очекувано дојде до победа на гостувањето во Струга каде што го совлада противникот со 31:25.
Во текот на целата средба гостите од Скопје беа во водство и немаа поголеми проблеми за да се изборат за триумф. Немаше потреба премногу да се форсира и квалитетот дојде до израз така што беше прашање само разликата со која ќе се обезбедат трите бода.
На полувреме резултатот беше 15:13 во корист на Бутел, а овие два гола во вториот дел брзо беа зголемени. Бутел Скопје стигна до 23:15 и овие осум погодоци во продолжението само се одржуваа. Како наближуваше крајот така имаше и мало опуштање, но главно немаше проблеми за да се зачува солидната предност за нова победа.
Со ова тимовите на Бутел Скопје и Струга го завршија овој дел од сезоната и сега можат да почнат со плановите за пролетниот дел кога остануваат уште четири кола од регуларниот дел.